Министерство за правда: Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен на користење без надомест

Министерство за Правда/ Фото: Влада на СРМ

На социјалните мрежи се појави јавна набавка од Министерството за правда за набавка на кафемат кој  чини 70,800.000 денари, односно над еден милион евра.  Министерството ги демантира информациите.

– Министерството за правда ги демантира информациите дека набавило кафемат во вредност од над еден милион евра. Станува збор за техничка грешка со внесувањето на две нули повеќе на сумата. Оваа грешка е набрзо корегирана.
Министерството за правда има склучено договор со фирмата „Медикал маркетинг“ ДООЕЛ за годишна набавка на кафе во вредност до 60 000 денари (без ДДВ). Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот. Вредноста не мора да биде искористена во целост доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши толку ќе се плати за една година, при тоа да не се надмине износот од договорот, сопштија од министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот