Министерката Апостолска најавува над 100 милиони евра странски инвестиции до крајот на годината

Нашата држава е потенцијална дестинација за компанија од САД од хемиската индустрија, чии прoизводи наоѓаат широка примена во автомобилската индустрија. Овој проект е  вреден 50 милинi евра, а сериозни разговори се водат и со автомобилска компанија од Тунис за инвестиција од 15 милиони евра, изјави за „Слободен печат“, министерката за привлекување странски инвестици, Зорица Апостолска.

Како што најави Апостолска во интервју за „Слободен печат“, интензивни преговори се водат и со чешка компанија за шински возила која би отворила фабрика во скопската општина Гази Баба во вредност од 20 милиони евра, а во која би се вработиле 250 лица.

Освен овие компании кои треба да го направат својот прв инвестициски чекор во земјава, Апосолска вели дека е вклучена и во преговорите со странски компании кои веќе работат кај нас и кои планираат да ги прошират своите производствени капацитети. Меѓу нив е компанија од САД, од Словенија како и од Германија и Русија, информира Апостолска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот