Фото: fcshkendija/x

Минимален пораз за Шкендија во Приштина

Шкендија повторно остана без бодови на гостински терен во Конференциската лига на УЕФА, откако во Приштина беше поразена со 1-0 од косовскиот претставник Дрита. Македонскиот шампион одигра цврст и борбен натпревар, но еден момент на невнимание ја направи клучната разлика.

Домаќините го постигнаа единствениот гол уште во 20. минута, по висока топка испратена длабоко од половината. Одбраната на Шкендија лошо реагираше, а Малај ја искористи ситуацијата и рутински го матираше голманот.

Во второто полувреме тетовци се обидоа да притиснат во потрага по израмнување. Најблиску до погодок беше Латифи, чиј удар ја погоди стативата и го остави голот на домаќините недопрени. Во игра влезе и искусниот Бесарт Ибраими, кој се закани од слободен удар, но голманот на Дрита успеа да интервенира.

До крајот, косовскиот тим успешно го контролираше ритамот и не дозволи Шкендија да се врати во натпреварот. Со овој резултат, македонскиот првак падна на 25. позиција на ранг-листата во натпреварувањето.

Во следното коло, на 11 декември, Шкендија ќе го пречека словачкиот Слован Братислава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот