Милосављев до Периќ: Најдобриот голмански тренер, ментор и животен учител!

фото: инстаграм

Поради ситуацијата со пандемијата на коронавирус и двајцата се наоѓаат во Србија, а Милосављев не заборави колку Периќ е важен за неговиот напредок.

Дејан Милосављев дојде во Вардар како замена за Арпад Штербик, иако многу сметаа дека станува збор за еден неискусен чувар на мрежата, „Банда“ како што исто така го нарекуваат ги демантираше сите со своите големи настапи и на крајот дури се закити со титулата во ЛШ.

Главната причина за неговото доаѓање во Скопје беше тренерот на голманите, Дејан Периќ кој и во новата сезона се очекува да биде во стручниот штаб на тренерот Стевче Алушовски.

Српскиот репрезентативен голман кој моментно го носи дресот на бундеслигашот Фуксе Берлин се сретна повторно со Периќ..

Поради ситуацијата со пандемијата на коронавирус и двајцата се наоѓаат во Србија, а Милосављев преку социјалните мрежи не заборави колку Периќ имаше важен придонес во неговиот развој како голман:

Најдобриот голмански тренер, ментор и животен учител. Слика која ќе ни враќа спомените, кога ќе ја погледнеме ќе се потсетуваме на убавите нешта кои ги поминавме заедно. Благодарам и се надевам во што поблиска иднина патиштата повторно ќе ни се спојат – напиша Милосављев на „Инстаграм“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот