Милитао потпиша нов договор со Реал Мадрид со клазула од една милијарда евра

Фото: EPA-EFE/Helios de la Rubia Realmadrid

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао потпиша нов договор со „кралевите“ и тоа со важност до 2028 година.

Реал Мадрид го потврди новиот договор на бразилскиот дефанзивец кој во овој момент е надвор од терените поради повреда, меѓутоа не ги откри финаниските детали.

Сепак, експертот за трансфер пазарот, Фабрицио Романо тврди дека во договорот на Милитао има откупна клазула во изнод од една милијарда евра.

Милитао за Реал настапува од 2019 години, а претходно го носеше дресот на Порто. За шпанскиот гигант собра вкупно 143 натпревари и постигна 11 гола.

Според последните најави неговото враќање на терените од повредата се oчекува во април, Бразилецот е надвор од терените од август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот