Милиони мигранти ќе дојдат во ЕУ доколку заштитата остане слаба

Мигранти на полско-белоруската граница
Употреба на специјална опрема од страна на полските сили врз бегалците на заедничката граница со Белорусија / Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV

 Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека милиони мигранти ќе влезат во Европа доколку политиката за заштита на границите остане слаба како што беше досега.

Тој исто така рече дека, со оглед на развојот на настаните на полско-белоруската граница, не ја исклучува опасноста од војна.

– Ако не успееме да спречиме влез на илјадници мигранти сега, наскоро ќе има илјадници и милиони од нив кои ќе се упатат кон Европа, изјави Моравјецки за германски „Билд”.

– Доколку решително не ги браниме и заштитиме границите во Европа, стотици милиони луѓе од Африка и Блискиот Исток ќе се обидат да дојдат во Европа, а особено во Германија, додаде тој.

Моравјецки рече дека е задоволен од поддршката што ја има од Германија и другите членки на НАТО.

Во моментов се очекува заедничка изјава на Полска, Литванија и Летонија.

Моравјецки додава и дека следен чекор би можело да биде активирање на членот 4 од договорот за НАТО, кој се однесува на нарушување на суверенитетот на териториите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот