Милевски – Кјучук: Соработката со соседите е клучна за градење мостови на пријателство и јакнење на економијата

Фото: mia.mk

Европските перспективи на земјата, имплементацијата на ИПА фондовите за прекугранична соработка со соседните земји, актуелната политичка состојба во државата и надминување на препреките кон целосното интегрирање во ЕУ, бea теми на денешната средба на министерот за локална самоуправа Горан Милевски со европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Кјуучук.

Милевски, се вели во соопштението, на средбата посочил дека европските перспективи за нас како земја се важни во сите полиња за да може да бидеме подготвени за тој процес за пристапување кон европското семејство.

– Како министерство за локална самоуправа, поддршката од ЕУ и соработката со Делегацијата на ЕУ во земјава преку ИПА Фондовите прекугранично со соседните земји е клучно за градење на мостови на пријателство и јакнење на економијата. Со Албанија остваруваме соработка и проекти заедно со општините насочени кон животната средина, културното наследство, туризмот и јакнење на економијата преку претприемништво. Со останатите земји, Бугарија, Грција, Србија и Косово, како партнери во ИПА програмата проектите се во тек и остваруваме зближување на граѓаните за да се развиваат прекуграничните политики, појасни Милевски.

Милевски, исто така, пред Ќуќук го презентирал новиот Закон за рамномерен регионален развој кој е важен во осумте плански региони, за децентрализација на општините и за нивна финансиска независност, што е една од важните реформи кои ни го трасираат патот до европските интеграции. Исто така, било разговарано за пописот, она што според Милевски периодов е најважен сегмент кој треба да се случи годинава и ќе ни биде од особено значење за креирање на реални локални политики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот