Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Милевски ја напушта репрезентацијата по дуелот со Велс?

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери за клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 против Велс, како и за пријателскиот дуел против Летонија во Скопје.

На денешната прес-конференција, Милевски се осврна и на својот договор со Фудбалската федерација на Македонија, кој истекува по мечот со Велс.

„Јас сум под договор до крајот на ноември и целосно сум фокусиран само на натпреварите со Велс и Летонија. Не размислувам за тоа што ќе биде понатаму“, истакна селекторот.

Натпреварот со Велс се игра на 18 ноември во Кардиф.

Преземено од: Sport.com.mk 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот