Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Милевски: Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација на Македонија на денешната ждрепка во Цирих, Швајцарија, го дозна противникот во полуфиналето во мундијалскиот бараж, во кој ќе играме против Данска.

Натпреварот ќе го играме на гостински терен, на 26 март, а пет дена подоцна на програмата е финалето.

Ако Македонија игра во него, ќе се соочи со подобриот од пресметката помеѓу Чешка и Република Ирска, исто така на гостински терен.

Селекторот на нашата А селекција, Благоја Милевски, кој го следеше извлекувањето во Цирих, вели дека во оваа фаза нема лесни противници:

– За разлика од минатиот пат, кога бевме во плејофот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме сè од себе да бидеме конкурентни и во плејофот – се зборовите на Милевски.

Maкедонија против Данска во баражот за СП!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот