Милановиќ или Приморац? Резултати од последната анкета спроведена во пресрет на изборите во Хрватска
Претседателските избори во Хрватска се во недела, а РТЛ ги објави резултатите од последната анкета пред изборите.
Гласачите ќе имаат можност да изберат меѓу Зоран Милановиќ и Драган Приморац. Милановиќ во првиот круг освои 49,09 отсто од гласовите, а Приморац 19,35 отсто.
Подолу се резултатите од анкетата:
Милановиќ или Приморац
Милановиќ – 62,5 отсто
Приморац – 27,8 отсто
Неопределени – 6,8 отсто
Ќе го поништи гласачкото ливче – 2,9 отсто
Според резултатите од анкетата на РТЛ, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ, кој за малку ќе победеше во првиот круг, во вториот круг ќе освои 62,5 отсто.
Кога овие бројки ќе се споредат со истото истражување, но од минатиот месец, пред изборите, Милановиќ сега во вториот круг ќе освои 8 процентни поени повеќе.