Милан веќе го прежали Донарума, се договори со најдобриот голман во Лига 1

epa05675925 Lille's goalkeeper Mike Maignan reacts during the French Coupe de la Ligue round of sixteen soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Lille at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 14 December 2016. EPA/YOAN VALAT

Челниците на Милан одлучија да не ги играат „игрите“ на агентот на Донарума, Мино Рајола и експресно реагираа откако пропадна последната рунда на преговори.

Радио Монте Карло кој речиси никогаш не греши кога станува збор за фудбалски трансфери, објави дека Милан и лидерот во Лига 1, Лил, постигнаа усмен, но засега не и писмен договор за трансфер на најдобриот голман во францускиот шампионат, Мајк Мањан.

Според радио Монте Карло, висината на трансферот ќе изнесува 15 милиони евра плус дополнителни 1.5 милиони како бонуси.
Оваа вест е доказ дека Милан одлучи да не падне на уцените на Рајола и се откажа од Џанлуиџи Донарума кој од 2016 година го брани голот на „росонерите“.
Рајола за својот клиент барал договор кој ќе му носи годишна плата од 12 милиони евра нето, да има фиксна клаузула од 30 милиони евра во случај Милан да не игра во Лигата на шампионите, договорот да биде потпишан на највеќе три години, а за себе барал провизија поголема од 10 милиони евра.
Челниците на Милан го одбиле овој предлог на Рајола и експресно постигнале договор со Лил за трансфер на Мањан.  Радио Монте Карло иста така јавува дека Мањан ќе добие петгодишен договор во Милан.
Одличниот голман на Лил сезонава на дури 19 натпревари успеа да ја сочува недопрена сопствената мрежа,  највеќе од сите голмани во најсилните пет лиги во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот