Масимилијано Алегри EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Милан го избрка Алегри по разочарувачката сезона

Раководството на Милан денеска официјално им врачи откази на тренерот Масимилијано Алегри, генералниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Жофри Монкада, по разочарувачката сезона и неуспехот „росонерите“ да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Од клубот соопштија дека главна цел сезонава била враќање во европската елита и поставување темели за стабилни резултати во борбата за врвот на Серија А.

„Во поголемиот дел од сезоната бевме меѓу првите две екипи во Серија А и имавме реални шанси да се бориме за Скудетото. Но, финишот на сезоната беше целосно спротивен на дотогашните изданија, а синоќешниот разочарувачки пораз во последното коло ја претвори сезоната во јасен неуспех“, соопштија од Милан.

Од клубот додаваат дека е време за големи промени и целосна реорганизација на фудбалскиот сектор.

„Со одлука која стапува во сила веднаш, клубот се разделува со генералниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре, главниот тренер Масимилијано Алегри и техничкиот директор Жофри Монкада. Им благодариме за нивната работа, посветеност и придонес во периодот поминат во Милан“, стои во соопштението.

Од „Сан Сиро“ најавија дека новите имиња кои ќе ги преземат испразнетите функции ќе бидат објавени во наредниот период. Милан сезоната ја заврши на петтото место на табелата, откако во последното коло беше поразен од Каљари со 2:1 на домашен терен.

Инаку, денеска претходно и Наполи потврди дека се разделува со Антонио Конте.

Конте веќе не е тренер на Наполи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот