Конте веќе не е тренер на Наполи
Антонио Конте и официјално заминува од клупата на Наполи, откако клубот од Неапол стави крај на соработката со искусниот италијански стратег по две сезони минати на кормилото на тимот.
Препорачано
Разделбата беше потврдена на заедничка прес-конференција со претседателот Аурелио Де Лаурентис, а Наполи преку кратко соопштение му се заблагодари на тренерот за придонесот и постигнатите резултати.
Конте пристигна во период кога неаполскиот клуб не беше во врвот на италијанскиот фудбал, но за кратко време успеа да го врати меѓу најдобрите. Во дебитантската сезона ја освои шампионската титула во Серија А, додека оваа сезона Наполи ја заврши како вицешампион.
Во текот на својата богата кариера, Конте работеше во неколку европски гиганти, меѓу кои Јувентус, Интер, Челзи и Тотенхем, а ја предводеше и италијанската репрезентација.
Сега вниманието се насочува кон следниот потег на Наполи, кој ќе треба да избере нов тренер, додека италијанските медиуми веќе почнаа со шпекулации околу идната дестинација на Конте.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
53мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


