Фото: facebook.com/Aleksandar Eftimov

Мила Рељиќ ќе атакува на медал на Светското првенство Г-14 во Кина

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ја очекува нов настап на меѓународната сцена, нејзин следен предизвик е Светското првенство Г-14 во Вукси, Кина.

Како што најави тренерот Александар Ефтимов, нашата натпреварувачка оди на освојување на медал.

– Голема благодарност до Македонска Таеквондо Федерација и претседателот Борче Костовски за несебичната поддршка и целосното финансиско покривање за трошоците во Кина – објави Ефтимов.

Рељиќ својот последен настап го имаше на престижниот турнир Опен Г1 во Тирана, Албанија, на почетокот на овој месец како подготовка за СП, каде го освои среброто и шест поени на олимписката ранг-листа.

Претходно Рељиќ се закити и со бронза на Г1 турнирот во Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот