Мила Јовович ја роди третата ќерка (ФОТО)

Холивудската актерка Мила Јовович го роди своето трето дете во својата 45-та година. Само еден ден претходно на Инстаграм напиша дека е многу нервозна.

– Смешно е што мислев дека да се роди трето дете е нешто смешно. Но, морам да признаам дека сум многу нервозна. Се надевам дека следната објава ќе ми биде со ќеркичката. Посакајте ми среќа, напиша актерката.

Третата ќеркичка синоќа пристигна на свет. Мила е во брак со режисерот Пол В.С. Андерсон (54), а веќе имаат две девојчиња.

Ѕвездата од филмовите „Петтиот елемент“ и „Resident Evil“ открила дека пред две години имала спонтан абортус.

– Она што го доживеав, на никого не би му го посакала. Не ми дадоа никаква анестезија, морав да бидам будна во текот на целата постапка. Тоа беше едно од најстрашните искуствa кое некогаш сум го доживеала, се присети тогаш Мила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот