Микрофонот на Карди Би кој го фрли кон обожавателка е продаден за 100.000 долари

Фото: EPA-EFE/ALBA VIGARAY

Микрофонот што Карди Би го фрли на обожавателка за време на концерт на крајот од минатиот месец, беше продаден на Ибеј во вторникот за речиси 100.000 долари, на онлајн аукција, пишува „Форбс“ (Forbes).

Инцидентот со фрлањето на микрофонот, наводно, довел до кратка полициска истрага и поттикна дебати околу однесувањето на обожавателите на концертите.

Откако добил повеќе од 120 понуди, микрофонот бил продаден за 99.900 долари.

Приходите од микрофонот се рамномерно поделени помеѓу „Френшип сркл Лас Вегас“ (Friendship Circle Las Vegas) и „Вундед вориор проџект“ (Wounded Warrior Project), напиша продавачот Скот Фишер на Фејсбук откако го стави на аукција микрофонот на Ибеј минатата недела.

На 29 јули, за време на настап во клуб во Лас Вегас, некој од публиката фрли пијалок со мраз кон Карди Би, се гледа на видеата од инцидентот.

Карди Б на тоа одговори со фрлање на својот микрофон кон девојката од публиката пред да влезе обезбедувањето.
Видеата од инцидентот станаа вирални и поттикнаа дискусии за тоа дали Карди Би ќе биде обвинета за инцидентот.

Посетителката на концертот потоа поднела полициска пријава во која тврди дека била „удрена со предмет фрлен од бината“. Првично, според извештаите службениците покренале кривична истрага за инцидентот, но на крајот таа истрага била откажана поради „недоволно докази“, изјавиле за „Форбс“ од полициската служба во Лас Вегас .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот