Мијатовиќ од наредната сезона во АВ Охрид

facebook.com/avohrid/

Минатата сезона Мијатовиќ во дресот на Блокотехна во 29 натпревари имаше просек од 14.8 поени, 5.9 скокови и 1.6 асистенција по меч.

Му помогна на тимот да се пласира во полуфиналните мечеви, а воедно имаше значаен придонес во освојувањето на титулата во БИБЛ лигата.

Во балканското натпреварување за 12 мечеви имаше одлични 25.8 поени, 6.1 скок по натпревар.

Во текот на својата кариера ги бранеше уште боите на МЗТ Скопје Аеродром, Куманово, полскиот Анвил, Тимба Темишвар од Романија и српските екипи на Спартак и Раднички Крагуевац.

Потсетување дека охриѓани од наредната сезона ќе имаат и нов тренер, Марјан Илиевски кој до сега беше тренер на Блокотехна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот