Михајлов: За успешен Прајд потребна е соработка од властите (ВИДЕО)

Со укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, се намалија можностите да побарате заштита на своите права. Тоа е на штета на повеќе маргинализирани групи и затоа очекуваме новиот парламентарен состав веднаш по изборот и составот да го врати на усвојување и да се формира комисија за спречување и заштита од дискриминација, изјави во „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“, Антонио Михајлов од Субверзивен фронт.

Во времен на виртуелен прајд месец, тој вели, меѓу другото, припадници на ЛГБТИ заедницата мора да се охрабрат и гласно да говорат за себе.

-Има доста потреба од подобрување на правната рамка и во останати области. Заштита на трансродовите луѓе и зголемена видливост и охрабрување на самите лица припадници од ЛГБТИ, самите да се вклучат во активизмот. Сметајќи дека треба да се криеме, да водиме живот во четири ѕида е многу нездрава и нефункционална стратегија и Скопје прајд е токму тоа, да се охрабрат луѓето да почнат да се чувствуваат слободни и горди за тоа кои се и кого сакаат, вели Михајлов.

Виртуелен Прајд започна во саботата со видео содржини на социјалните мрежи. Ќе трае до крајот на месецот а на 27.јуни ќе има пренос од Глобал прајд, што е замена за сите откажани прајдови, а ќе биде 24 часа во живо со содржини од сите земји од сите континенти.

-Неспоредливо е виртуелното и физичкото. Се навикнавме голем дел од нашата работа да биде преку дигиталните канали. Ограничени се правата за јавно собирање поради пандемијата па како и сите останати најдовме начин да направиме виртуелен простор каде секој може да биде свој. Намерата е да се продолжи традицијата, со оглед дека јуни е секогаш месец на гордоста, смета Михајлов.

Според него, минатогодишниот прајд покажал дека успешен прајд има само кога има добра соработка со локалната, централната и законодавната власт, бидејќи  без нив не може да се одржи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот