Мигрант каснат од змија е починатото лице пронајдено на депонијата Неготино

unsplash
Фото: Илустрација

Вчера во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронајдоа тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години.

На телото немало видливи траги на насилство, а првичните наоди од обдукцијата укажуваа дека младото момче починало од каснување на отровна змија.

Починатото лице најверојатно било мигрант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот