Миењето заби го намалува ризикот да фатите коронавирус: Во ова е „тајната“!

Професор по стоматологија од Универзитетот во Бристол советува да ги миете забите пред да излезете од дома, бидејќи оваа едноставна навика би можела да го намали ризикот од пренесување коронавирус!

Доктор Мартин Ади смета дека пастата за заби може да ги намали шансите за ширење на заразата по орален пат. Меѓутоа, предупредил дека антимикробниот ефект на пастата за заби трае само од три до пет часа. Па затоа, професорот предлага да ги миеме забите пред секое излегување надвор, за да се осигураме дека ефектот трае ако дојдеме во контакт со други луѓе.

Го намалува вирусното оптоварување во плунката

– Научниците веќе ја истакнаа улогата на капките плунка во ширењето на болеста ковид-19. Па затоа, малку е неочекувано тоа што редовното миење заби не е нагласено како ефективна постапка – изјавил професор Ади.

– Пастата за заби содржи некои од состојките што ги има во геловите за дезинфекција на раце, а тие, како што знаеме, се препорачуваат во борбата против коронавирус. И навистина, антимикробното дејство на пастата за заби во устата трае помеѓу три и пет часа, со што би се намалило вирусното оптоварување во плунката, односно инфекцијата на вирусите што влегуваат во устата – објаснил тој.

Миење заби, па маска на уста

Тоа значи дека луѓето кои сакаат да го подигнат превентивниот ефект до максимум, би требало да ги мијат забите непосредно пред излегување од дома, како и пред ставање заштитна маска на лице. Професорот додава дека секако треба да се зајакне препорачаната пракса за миење заби два пати дневно по две минути.

Доктор Ади заклучил дека многумина од тие што не го практикуваат ова се токму оние најосетливите на ковид-19, како што се старите луѓе во старечки домови кои се потпираат на негувателките за да измијат заби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот