Мицотакис повика на смирување на страстите на протестот во Атина: Слепиот бес не води никаде

Кирјакос Мицотакис/ Фото: EPA-EFE/COSTAS BALTAS/POOL

Во овие моменти мора да надвладее воздржаноста и смиреноста, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во изјава за инцидентите во атинската населба Неа Смирни, додавајќи дека „жалните слики на насилство што сите ги видовме вечерва во Атина, мора да бидат последни”, но воедно истакна дека „слепиот бес не води никаде”, јави дописничката на МИА од Атина.

– За жал, некои луѓе ги игнорираа нашите предупредувања. И, на оние кои се обидуваат да шират омраза и поделба во општеството за да го покријат сопствениот ќорсокак, како што тоа го правеа во минатото, им одговарам со следново: Вечерта на изборите на 7 јули 2019 година, истакнав дека сум тука за да гарантирам единство, безбедност и просперитет на сите Грци. Ова го повторувам и сега. Нема да дозволам никој да нè дели. Нема да дозволиме никој да не врати назад, рече Мицотакис.

Инцидентите и насилството ги осудија и од опозициската СИРИЗА.

Како што претходно објави МИА, вечерва имаше сериозни инциденти за време на протестот против полициското насилство во атинската населба Неа Смирни, а со повреди на главата во болница е пренесен полицаец, кој според првичните информации, бил нападнат од поголема група непознати лица.

Вкупно, повредени се тројца полицајци, а уапсени 11 лица.

ВИДЕО I Немирно во атинската населба Неа Смирни: Демонстранти се судрија со полицијата, повреден полицаец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот