Мицотакис вели дека барањето да им се вратат скулптурите доби уште поголем публицитет откако Сунак ја откажа средбата

Скулптури Патреон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис смета дека средбата што ја откажа британскиот премиер, нема долгорочно да влијае на билатералните односи, но и дека има и позитивна страна, односно грчкото барање за враќање на скулптурите на Партенон, доби уште поголем публицитет.

Мицотакис денеска се сретна со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, а една од темите за кои разговараа беше и посетата на грчкиот премиер на Лондон и откажаната средба со Сунак.

-Првата забелешка е дека верувам дека ова нема долгорочно да се одрази на грчко-британските односи, кои имаат значителна историска длабочина, и второ дека имаше и позитивна страна откажувањето на оваа средба, дека праведното барање на Грција за повторно обединување на скулптурите на Партенон доби уште поголем публицитет. не само во Велика Британија, туку и кај светското јавно мислење, истакна Мицотакис.

Грчката претседателка истакна дека Партенонот, „водечки симбол на класичниот период, е важен за светското културно наследство, бидејќи ја симболизира демократијата и филозофијата“.

-Обединувањето на скулптурите претставува барање уште од почетокот на формирањето на нашата држава и во последниве години напредуваше, наиде, и ова го сметам за многу важно, на разбирање кај меѓународното јавно мислење, како и кај британското јавното мислење и ова е голема придобивка. Се разбира, за прашањето потребно е време, но се надеваме дека ова праведно барање на нашата земја конечно ќе најде одговор, истакна грчката претседателка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот