Венко Филипче, претседател на СДСМ
Венко Филипче, претседател на СДСМ

Мицкоски зборува за промената на името, ама старото име не го враќа, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на „Икс“ го прашува премиерот Христијан Мицкоски зошто кога толку сака да зборува за промената на името, иако ветувал, не прави ништо за да го врати старото име на државата.

– Мицкоски денеска повторно зборува за името. Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи преспанскиот договор, а нас нè нарекуваше предавници. Па зошто не го враќаш името БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат. Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши. Доаѓа времето на вистината – пишува Филипче на „Икс“.

Македонија „не мрда“ со реформите од Планот за раст на ЕУ, не остварила ниедна од 19-те планирани за годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот