Христијан Мицкоски Фото: Фејсбук Мицкоски

Мицкоски за доктор Кузмановски: Тоа што се случи – се случи, не треба да се враќаме назад

Министерот за здравство Азир Алиу се заложи дека во рамките на работните групи за синхронизација на 12-те здравствени закони една од можностите коишто ќе се разгледаат е и воведување на токсиколошки тестирања за вработените во здравството, по случајот со доктор Игор Кузмановски.

Тој додаде дека правниците ќе разгледаат како може да се имплементираат такви тестирања, а можно е да бидат воведени и последици за прекршувањата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во врска со случајот изјави:

Тоа што се случи, се случи. Не треба да се враќаме назад. Инаку кога ќе ја гледате биографијата на професорот и мој колега ќе дојдете до заклучок дека станува збор за импозантна биографија којашто многу ретко ја има генерално на Балканот. Тоа што моменти на слабост имал директорот поранешен, претпоставувам него ќе го следи во текот на неговиот живот. И тоа е негова приватна работа, немам што да кажам. Како влада го направивме тоа што требаше и веднаш реагиравме откако оној нелегален материјал се појави на социјалните медиуми, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот