Али Ахмети, Христијан Мицкоски, Фото: Фејсбук Ахмети
Мицкоски во битка за освојување на Зајас
Мариела Трајковска
Пред
Евентуалната победа во Кичево на кандидатот на НАИ, Фатмир Дехари, ќе има и голема политичка тежина за ДУИ, бидејќи може да биде еден од ретките градови во кои Али Ахмети ќе ја има локалната власт. Оваа општина има посебна симболика поради родното место на лидерот на ДУИ – Зајас! Во вториот круг во општините Кичево, Брвеница и Долнени нема да важат никакви политички или владини договори во борбата за градоначалничка фотелја, односно дека ќе се игра само на етничката карта
Кичево, Брвеница и Долнени ќе бидат поприште на етничка изборна битка во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Албанскиот политички блок нема дилема дека во трите општини НАИ предводена од ДУИ и Вреди меѓусебно ќе се поддржат, односно дека ќе гласаат за кандидатот Албанец, без оглед дали е од НАИ или е од Вреди. Ова, пак, ќе значи дека во трите општини докрај ќе биде неизвесно кој ќе победи ако се суди според резултатите од првиот изборен круг. Карактеристично е дека за трите општини нема да важат никакви политички или владини договори, односно дека ќе се игра само на етничката карта.
Изборната битка за Кичево ќе ја водат лекарот Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник на ДУИ Фатмир Дехари. Освен етничкиот момент (со општината да продолжи да раководи Албанец), евентуалната победа на Дехари ќе има и голема политичка тежина за ДУИ, бидејќи може да биде еден од ретките градови во кои Али Ахмети ќе ја има локалната власт, но и поради симболиката дека родното место на лидерот на ДУИ – Зајас, е на територијата на Општина Кичево.
Повикот на Касами
Еден од лидерите на Вреди и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во телевизиско гостување потврди дека во вториот круг ќе го поддржат Дехари и дека очекува НАИ да ја поддржи Вреди во Брвеница и во Долнени.
фото: социјални мрежи
– Бидејќи не помина нашиот кандидат, секако дека во вториот круг во Кичево ќе го поддржиме кандидатот Албанец. Верувам дека и ДУИ ќе го направи истото во Брвеница и во Долнени, односно ќе ги поддржи кандидатите на Вреди – вели Касами.
Сопартиецот на Касами и противкандидат на Дехари кој не го помина првиот круг, Фатмир Лимани, иако повоздржано, сепак го поддржа Дехари.
– Сосема е јасно дека албанските гласачи изразија релативно стабилна оценка за актуелниот градоначалник. Ова се однесува и на неговите резултати во општината и на неговата морална и политичка фигура, и покрај каква било шема за зачувување на гласовите во негова корист. Овој резултат може да им изгледа неправеден на многу луѓе од Кичево, но луѓето гласаа како што знаат – рече Лимани.
Фатмир Дехари Фото: Фејсбук Ахмети
Тој потсети дека на почетокот на кампањата вети дека ќе го поддржи секој кандидат Албанец кој ќе стигне до вториот круг.
Изборниот резултат во Кичево по првиот круг на гласањето покажува дека Јовановски со 11.682 гласа е далеку во предност пред Дехари со освоени 5.586 гласа. Но ако се претпостави дека сите кои гласале за Лимани – 4.164 и тие кои гласале за независниот кандидат Шкодран Алили – 4.006 гласа, на 2 ноември ќе гласаат за Дехари, тогаш кичевскиот грдаоначалник во вториот круг може да смета на 13.756 гласа. Дури Дехари и да не добие поддршка од сите гласачи на Лимани и Алили, во Кичево ќе има жестока битка за градоначалничкото столче.
Дијаспората во вториот круг ќе ја нема истата излезност
За коментарите дека владиниот партнер Вреди во Кичево им врти грб на ВМРО-ДПМНЕ, функционер од партијата на Христијан Мицкоски брифира дека за Кичево немало предизборен договор за заемна поддршка. Тој вели дека не очекува гласовите за Лимани и Алили да се пресликаат кај Дехари, бидејќи зад ставот на Касами не значи дека ќе застане и цела Вреди, особено не гласачите. ВМРО-ДПМНЕ се надева и на гласови од Албанците за Јовановски, бидејќи тој семејно докажал дека е човек кој обединува, бидејќи сопругата му е Албанка. За разлика од Јовановски, нашиот брифер вели дека Дехари е лик кој прави поделби, потсетувајќи на скандалот со вработената во Општината. Тој додава дека изјавата на Касами може дополнително да дејствува мобилизирачки во македонскиот блок за поголема излезност и победа на Јовановски, но и дека не очекуваат албанската дијаспора масовно да дојде во Кичево за гласањето и во вториот изборен круг како што беше во првиот. Процените се дека за кандидатите Албанци во првиот круг гласале меѓу 3.000 и 4.000 од дијаспората, но дека тогаш нив ги мобилизирале и Дехари и Лимани.
Математиките за Брвеница и Долнени
Јовица Илиевски Фото: Фејсбук
Во Брвеница, пак, во вториот круг ќе се соочат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски од една страна, и Хаќим Рамадани од Вреди од друга. Неофицијално, таму ДУИ и НАИ ќе го поддржат кандидатот на Вреди. Илиевски во првиот круг со освоени 3.388 гласа води со повеќе од 1.000 гласа пред Рамадани кој освои 2.021 глас. Но и тука се очекува тесна етничка битка, бидејќи кандидатот на НАИ, Енвер Пајазити, има 1.147 гласа, што би значело дека на контото на Рамадани може да се соберат 3.168 гласа, а на контото на Илиевски, ако се додадат 481 глас кои ги освои кандидатката на СДСМ Светлана Митреска-Анџелкоска, тој би имал .3.869 гласа.
Рамадани порача дека неговиот изборен шаб е отворен за сите. Преку социјалните мрежи објави дека во кампањата ги отстранува сите партиски симболи и повикува на обединување за вториот круг. Тој веќе договорил средби со албанската дијаспора во Австрија и во Германија за иселениците да дојдат во Брвеница и да гласаат на 2 ноември.
„Каде и да сме, срцето на секој Албанец чука за истиот сон: Да ја видиме Брвеница предводена од Албанец кој работи за сите, со искреност и визија“, пишува во поканите до иселениците кои се објавуваат на социјалните мрежи.
Хаким рамадани Фото: Фејсбук
И во Долнени директно се судираат кандидатите на владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ и на Вреди. Таму во вториот круг влегоа Сашко Вељаноски со 1.643 гласа и Блерим Исљами со 1.665 гласа. Неизвесно е кој ќе победи во Долнени, зашто ако се претпостави дека гласовите на кандидатот на СДСМ Исуф Синани (805) одат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, а тие на кандидатот на НАИ Фљамур Ѓолека (1.475) одат на контото на Исљами, не се знае каде ќе завршат гласовите на Турската партија (195), на две групи избирачи, со по 247, односно 501 глас.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Кристина Костова, долгогодишен член на СДСМ, која до неодамна беше и потпретседателка на партијата, во интервју за „Слободен печат“ отворено говори за нужна реформа во партијата што ќе ја врати довербата кај членството, но и кај граѓаните, и ќе ја позиционираат како движечка сила во општеството. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Виц на денот: Брачен пар 2 13 лаги што му ги кажувате на вашиот лекар, а тоа никако не треба да го правите 3 Што ако уште на првата љубовна средба си ја …