Мицкоски: Процесот за именување на Христовски за шеф на АНБ е „кристално чист“
Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишно интервју за МИА вели дека процесот за именување на Бојан Христовски за директор на АНБ е „кристално чист“ иако Христовски бил член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на градскиот комитет на партијата.
Препорачано
Мицкоски изјави дека „неодговорната опозиција“ креирала скандали и не може да разбере зошто се барала сенка во овој процес, за кој и по одлуката на ДКСК се покажало дека е транспарентен.
„До ден денеска не можам да разберам зошто се обидуваме да ставиме сенка на еден процес којшто е кристално чист. Се спореше неговата диплома, и освен „Тоефл“, се докажа дека ниту едното ниту другото не е спорно и сега повторно на дневна политика ја сведуваме темата што е поврзана со институција која е дел од безбедноста на државата. И тоа не е јавен интерес. Јас разбирам што е јавен интерес, но тоа не е јавен интерес. Ете, се постави прашањето, се затвори прашањето и сега во потрага по сензација со сила да креираме скандали се прави ваква јавна дебата од поединци, не е тоа од сите. Тука пред сѐ мислам и на неодговорното однесување на опозицијата. Ако тие така мислат дека треба, ние немаме од што да се плашиме, подготвени сме за јавна дебата“, рече Мицкоски.


