Мицкоски одби да одговори на обвинувањата за Кочани
Правда на Анкетна комисија не може да има, првада може да има на судски процес.
Премиерот Христијан Мицкоски не се обрати на Постојаната анкетна комисија за трагедијата во Кочани бидејќи во Собранието „дошол да слуша“. Тој одби да одговори на обвинувањата од родителите дека Владата досега на семејствата не им дала ни парична, ни институционална помош.
Препорачано
-Јас дојдов тука да слушам. Тоа беше мојата цел да слушам, да видам што е она што можеби не сум слушнал, а сега ќе го слушнам. Можам да кажам дека горе-доуе се сум слушнал и порано – рече Мицксоки.
Тој праша кому му одговара да прави политички егзибиции како со Анкетната комисија бидејќи паралелно се води судски процес.
-Вистинското прашање е зошто се чекаше со месеци за да се закаже оваа Комисија и моето чувство е дека сите зборуваме за правда и тоа е едно од главните барања на родителите – да има правда. Правда на Анкетна комисија не може да има, првада може да има на судски процес. Беше прочитано писмото од јавниот обвинител кој вели не може да присуствува зашто ако ги изнесе фактите и деталите од истрагата, тогаш ќе влијае на истрагата. Што значи дека за да имате правда мора да имате факти од истрагата, не може тие факти да ги изнесете на Анкетна комисија зашто ќе го компромитирате процесот. Тие кои треба да бидат одговорни повеќе нема да бидат одговорни. Се поставува прашањето зошто и кој континуирано прави вакви политички егзебиции. Јас жалам што тоа се случува, но секаде како Влада каде ќе бидеме повикани и каде е потребно наше присуство ќе одиме. Видовте комплетниот државен врва беше присутен – рече Мицкоски.
Тој рече дека уште еднаш сака да изрази сочувство до сите кои ги изгубиле најмилите во овој трагичен настан, и на сите кои се повредени.
-Ние како држава ќе сториме се за да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета потребна нега и се разбира да сочуствуваме со болката на сите семејства кои загубија најмили – рече Мицксоки.
За анкетната комисија за случаите „Модуларна болница“, „Дурмо турс“ и за „Ласкарци“ премиерот рече дека за тие случаи има пресуди во прв и во втор степен и дека за нив може пратениците да расправаат.
-За тие процеси има пресуди кој во прв, кој во втор степен и јас мислам дека може многу лесно да се зборува, бидејќи сите факти се изнесени. Овде во овој процес јавниот обвинител вели има три посебни случаи од кои два се во истрага, сосема различно од трите случаи – рече Мицкоски.


