Ријад Шаќири Фото: Принтскрин

Мицкоски му забележа на Шаќири за значката со албанското знаме, тој стави значка со македонското знаме

Кога вие ќе ми донесете значка со Република Северна Македонија, на идната седница ќе ја носам и неа

На седницата за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски му забележа на пратеникот Ријад Шаќири од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари дека на реверот носи значка со албанското знаме. Мицкоски му посочи на Шаќири дека плата добива од буџетот којшто го полнат сите граѓани.

-Носите значка само со албанското знаме. Последно што знам вие сте пратеник во македонскиот парламент и плата добивате од буџетот којшто го полнат сите граѓани без оглед на етничката припадност. Можеби добра порака ќе беше ако дојдевте со таква значка, но вие таа можност ја пропуштивте- му рече Мицкоски на Шаќири.

Пратеникот одговори дека знамето е негов национален симбол и дека се гордее дека е Албанец.

-Го носам мојот национален симбол и се гордеам дека сум Албанец. Ова ми го даде претседателот на Албанија. Кога вие ќе ми донесете значка со Република Северна Македонија, на идната седница ќе ја носам и неа. Но дека сум космополит сум докажал со својата работа. Јас сум лице кое никогаш не правело поделби врз верска и етничка основа – рече Шаќири.

Неколку секунди подоцна, за време на неговиот говор, му беше врачена значка со македонско знаме кое тој веднаш го закачи на сакото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот