Мицкоски: Ковачевски наместо да биде државник, се претставува како стендап комедијант и ме навредува

Ковачевски и малкумина владини функционери на стендап настапи како комедијант се обидува мене да ме навредува, мислејќи дека прави претстава пред неколкумина сопартијци кои што му аплаудираат додека народот тоне во мизерија и е загрижен како ќе ја помине зимата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и повторно повика ако премиерот е толку храбар, да излезе на предвремени парламентарни избори.

-Додека Македонија има многу проблеми, тој онака, храбро одлучува како комедијант да ме навредува мене и ВМРО-ДПМНЕ на неговите настапи. Ако е толку храбар, како што се претставува да одиме на предвремени парламентарни избори, па народот да даде оценка кому ќе верува рече Мицкоски.

Според Мицкоски, Ковачевски наместо да биде државник себе си се претставува како стендап комичар.

-Ќе останеме фокусирани да ги решаваме проблемите таму каде што имаме можност. Народот е разочаран од сите политичари. Ние се трудиме да покажеме дека можело да одиме напред и дека има надеж. Тоа е суштината на оваа генерација политичари од ВМРО-ДПМНЕ – кажа Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот