Мицкоски: Ќе обезбедиме надеж и промени
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предизборно ветува дека неговата партија ќе обезбедела надеж и промени за граѓаните. Според Христијан Мицкоски, состојбата во државата била многу лоша и катастрофална.
Препорачано
„Тоа се гледа и на анкетите на јавното мислење. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го нуди е надеж, а тоа е дека овие седум години никогаш нема да се повторат и во име на тоа по неколку месечна напорна работа консултации со лица од многу области го подготвивме овој документ Платформа 1198 симболично таа е бројката на политики проекти кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во МРТ во централниот Дневник.
Мицкоски верува дека ќе предизвикал кај граѓаните чувство дека мможе да се победува и дека доаѓаат политичари кои можат да победат. Тој укажа која е идејата на партијата, односно што мислат да постигнат со Платформата.
„Со тоа ќе ја смениме перцепцијата од денешната реалност и ќе симболизира надеж. Сето тоа ќе го реализираме во 4 годишен мандат, за некои можеби ќе треба и повеќе време – кажа Мицкоски. Идејата ни е, додаде Мицкоски, да донесеме надеж кај граѓаните дека можело да биде поинаку. – Дали сме успеале во тоа ќе видиме, пред нас се неколку недели кампања. Убеден сум дека со презентација ќе предизвикаме чувство кај граѓаните дека Македонија може да почне да победува, а да престане да губи, да се надеваат дека доаѓаат такви политичари со кои може да победува“, рече Мицкоски.


