Мицкоски го обвини Маричиќ за примитивизам по обвинувањата од пратеничаката Стојановска дека и праќал бакнежи и намигнувања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва ги коментираше денешните случувања во Собранието и според него нормално е да се побара оставка од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило на денешната парламентарна седница. Може да глумите во животот, но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Мицковски рече дека е срамно тоа што го направи Маричиќ, додавајќи дека сексистичкиот настап е неодговорно нешто за вицепремиер, тој само тоне повеќе со лагите, еден ден ќе се одговара за се што е казниво.

Инаку денеска обвинувањата за бакнежи и намигнувања ја прекинаа седницата за пратенички прашања во Собранието.  Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска побара оставка од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, бидејќи додека се обраќала на говорница тој и испраќал недолични гестикулации.

Маричиќ пак, тврдењата на Стојановска ги демантираше на неговиот фејсбук профил.

– Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа – стои во дел од неговата објава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот