Мицкоски: ЕСМ за само три дена ќе увезе струја за 4,2 милиони евра

Рек Битола
Рек Битола/ Фото АД Електрани на Северна Македонија

„Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела” во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само три дена, од 5 до 7 декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4,2 милиони евра“, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„За само еден месец, од 7 ноември до 7 декември, „хероите” во владата увезоа струја за точно 32.955.084€ или за повеќе од 1 милион € на ден. Доколку работеше ЕСМ како што најавуваа „хероите” во владата со трите блока во Битола и едниот блок во Осломеј, или ако трансформаторот во Битола стигнеше како што најавуваа на 1ви Ноември, овие пари немаше да се потрошат на увоз на струја. Ќе имаше повеќе за студентски оброк, за земјоделците, ќе имаше повеќе за градинки, улици, паркови и училишта“, пишува Мицкоски, кој објави и документ за претстојната набавка на струја.

„Наместо да произведуваат, увезуваат за авансни „херојски” провизии. Доаѓа денот на одговорност кога „херојските” авансни провизии ќе ви бидат претешки“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот