Фани Каранфилова Пановска во гостување во „360 степени“ / фото: скриншот

Мицкоски да каже кои се придобивките од патувањата во Америка, вели Каранфилова Пановска

„Граѓаните и државата треба и мора да добијат информации кои се тие официјални средби што премиерот ги имаше во Вашингтон, што на нив се разговараше, која е таа поддршка и помош на којашто можеме да сметаме, кој е бенефитот за граѓаните и за државата“, рече заменик-претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Фани Каранфилова Пановска, во вечершното интервју во емисијата „360 степени“.

Каранфилова Пановска рече дека ако премиерот Мицкоски по третпат оди во Вашингтон и ако се претставува дека е „прв што го запоседнал теренот пред другите“, Владата е должна да им објасни на граѓаните за што е запоседнат теренот.

„Апсолутно ми е нејасно што сака премиерот да каже со тоа дека запоседнува некаков терен. Кој тоа терен го запоседнува? Дали е тоа терен кој го запоседнува во име на државата. Ако е така, кои се државните ставови по однос на запоседнување на теренот? Што значи тоа се редиме први во редот? За што се редиме? Добро е што премиерот оди во САД, но прашањето е со кого тој се сретна таму на државно ниво? Кои се резултатите од тие средби, кој е бенефитот за граѓаните и за државата, а во контекст на помошта што најмногу ни треба во моментов од САД, а тоа е за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Дали нешто се разговара на тема дали може САД на некој начин да ни помогне во дијалогот со Софија? Нашето прашање е што оттаму назад донесе премиерот Мицкоски за граѓаните и за државата?, рече таа.

Притоа, Каранфилова Пановска наведе дека се неосновани обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека СДСМ го менува прозападниот курс и се дистанцира од стратешките партнери.

„Токму ВМРО ДПМНЕ и за време на потпишувањето на Преспанскиот договор и за време на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО беше најгласна и се противеше и на Преспанскиот договор и на членството во НАТО. Бевме прогласувани, сите ние коишто бевме за таа опција, како предавници на оваа држава. Така што СДСМ покажал и докажал дека во САД гледа свој стратешки партнер“, рече Каранфилова Пановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот