Мицевски: Ја поднесуваме инцијативата за референдум до Собранието, само Џафери да не користи некои од своите методи

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Денеска и официјално ја поднесуваме Иницијативата до Собранието онака како што е процедурата за отпочнување на процедура за утврдување на уредноста на Иницијативата  за собирање на граѓански потписи и за почеток на референдумот кој што ВМРО-ДПМНЕ го најави, соопшти Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски информираше дека се собрани над 650 потписи за не повеќе од половина час.

– Се надевам дека претседателот  на Собранието нема да користи некои негови познати методи и дека уредноста на Иницијативата ќе биде утврдена и истата ќе почне со процедура во Собрание онака како што налага и Деловникот за работа  и како што налага и законот за Референдум и други видови на граѓанско изјаснување, рече Мицевски.

Дополни дека Иницијативата е поднесена за Законот на ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија, како што рече „онака како што беше и донесен во 2018 година, согласно тогашното и она име со кое ова законско решение е во сила”.

На новинарско прашање дали смета дека тоа ќе биде формално правна пречка за да помине иницијативата, тој одговори апсолутно не.

– Апсолутно не, бидејќи во 2018 година, кога е донесен договорот, и самото име на договорот е Договор за добрососедство, пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, додаде Мицевски.

Прашан кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието.

– Доколку не го помине првиот филтер, се надевам на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство, затоа што гледаме дека не сите пратеници од владејачкото мнозинство гласаа за францускиот предлог, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот