Никола Мицевски Фото: Фејсбук Мицевски

Мицевски: ДУИ е против независните кандидати

Во насока на регулирање на различните правни толкувања и  недореченостите во постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи од независни кандидати,  како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери поднесовме измени на Изборниот законик со кои ќе се уреди врeмено оваа постапка која што претходно беше укината од Уставниот суд, рече Никола Мицевски координатир на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ова решение се пополнува правната празнина и се воведуваат јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од страна на група избирачи. На Комисијата за политички систем беше поднесен амандман од Левица да се намали прагот од 0,95% на 0,5% на потребни потписи за независни кандидати. Што за нас беше прифатливо и со 8 гласа „ЗА“ (ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и СДС ) и еден „ПРОТИВ“ (ДУИ) , амандманот беше прифатен Чудно беше што иако се предлагачи, никој од Левица не гласаше за нивниот амандман – рече Мицевски.

Според него, со ова покажуваме дека во ова законско решение единствена цел ни е надминување на правните толкувања и  правните недоречености и дека единствено важен ни е  процесот, на еднакви услови за учество на сите заинтересирани граѓани на овие локални избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот