Ми нудеа кофер полн со пари за да го проддам „финалето“ во Бари

фото: твитер

Легендарниот голман на Црвена звезда, Стеван Стојановиќ открива неверојатни информации за финалето во Купот на Европските шампиони од 1991 година.

Црвена звезда тогаш во Бари на стадинот „Сан Никола“ стана европски шампион со триумот над Олимпик Марсеј по подобро изведување на пеналите.
Стојановиќ во пенал серијата успеа да го одрабрани ударот на Аморос, а сега открива дека финалето имало контроверзна увертира бидејќи му било понудено да го „продаде“ натпреварот.

– Интересна увертира имав пред финалето во Купот на европските шампиони во Бари. Сакаа да го купат натпреварот и ме одбраа мене. Знаеја дека голманот е последната пречка. Никогаш не помислив дека некој е подготвен такво нешто да ми понуди, Кога го добив повикот, ми рекоа дека имаат нешто за мене. Мислев дека ме бараат на разговор за нов клуб бидејќи имав дозвола од Црвена звезда на крајот од сезоната да заминам во странство – вели Стојановски за српски „Курир“.

Тој открива дека настанот се случил во хотелот Интерконтинентал во Белград.
– Бев со Роберт Просинечки, пиевме кафе. Кога заминав со нив во соба и кога ми го покажаа коферот, не ми беше добро. Тоа беа многу пари, но не потклекнав. Сите тие беа наши луѓе, но најмени од Французите. Воопшто не се возбудија кога ги одбив. Знаете што ми рекоа? Не мораш да ги земеш парите, но ние ќе кажеме дека си ги земал и се ќе излезе во весниците. Како и да заврши натпреварот ти ќе бидеш виновен. Мојот одговор беше да бегаат – се потсетува легендарниот голман.

Но, информацијата дека капитенот го продал натпреварот брзо се прошири во соблекувалната на „црвено-белите“.
Излегов како мува без блава од хотелот. Го повикав Раотмир Дујовиќ, тогашниот тренер на голманите и му кажав што се случи. Тој ми рече: Само биди мирен, ти верувам. Потоа се појави информација во соблекувалната дека голманот е купен. Потоа зборував со играчите, со тренерите, со управата и се најдов во позиција да бидам виновен иако тоа не беше така. Пред натпреварот постојано низ главата ми поминуваше тоа што ток криминалец ми го кажа дека ме купиле. Едвај чекав да поминат тие 120 минути по што ми падна голем товар од грбот. Кога заврши натпреварот, образот ми беше чист. Пеналите беа релаксација за мене бидејќи бев убеден дека ќе одбранам барен еден. Бог во тоа финале ме награди да бидам играч на натпреварот, да го одбранам пеналот и да го кренам шампионскиот пехар. Таа вечер бев награден за се во кариерата, за сите неправди – открива Стојановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот