Метју Меконахи на несекојдневен начин ги развесели луѓето во дом за стари лица! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Познатиот холивудски шармер, Метју Меконахи (50), се обиде да ги расположи пензионерите кои живеат во дом за стари лица, а моментално се наоѓаат во карантин и на кои воопшто не им е дозволено движењето.

Славниот актер тоа го направи така што со нив одигра неколку партии бинго преку социјалните мрежи.

Повозрасните лица кои моментално се наоѓаат во домот „Roud rock senior living“, во Тексас, имаа прилика да го запознаат Меконахи, како и да играат бинго со него.

„Славниот актер водеше во неколку рунди бинго по кои сите стари лица се чувствуваа одлично, бидејќи од оваа игра тие излегоа како победници“, стои во соопштението на домот.

Метју Меконахи им помогна малку да го кренат духот во овие тешки времиња, во однос на тоа дека најстарите се токму најзагрозените во екот на светската пандемија од Ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот