Металург службено ги загуби неодиграните натпревари

Тимот од Автокоманда е суспендиран од Суперлигата/ фото: РК Металург

Ракометната федерација на Македонија денеска службено ги регистрира петте одложени натпревари на Металург на кого притоа му се одземени и пет бода, по еден за секој неодигран наптревар.

РФМ денеска „им додели“ службена победа на Вардар, Радовиш, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел од 10:0 против Металург претходно беше суспендиран од Европската ракометна федерација поради неисполнувањето на финансиските обврски кон Зоран Кастратовиќ и Александер Шпенде.

ЕХФ и наложи на РФМ да го суспендира Металург се додека не ги исполни обврските, а бидејќи тоа се уште не е решено, тимот од Автокоманда службено ќе го загуби и натпреварот против Скопје кој требаше да се одигра викендов во последното 22. коло од првиот дел од сезоната во ракометната Суперлига.

Металург ќе мора да ги подмори долговите во вредност од 25.000 евра до крајот на неделава како краен рок за да може да им се тргне суспензијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот