Мета го поздрави договорот за формирање влада на Косово

Фото: Профимедиа

Притоа, тој оценува дека стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и регионот.

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави постигнатиот договор меѓу Движењето „Самоопределување” и Демократскиот сојуз на Косово за формирање влада, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Најтопло и најискрено го поздравувам постигнувањето договор за владина коалиција на Движењето „Самоопределување” и Демократскиот сојуз на Косово како две победнички партии на општите избори на 6 октомври 2019 година на Косово, стои во реакцијата на Мета.

Притоа, тој оценува дека стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и регионот.

– Стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и на целиот регион, наведува Мета.

Шефот на албанската држава на владата на Косово предводена од Албин Курти и посакува успеси и големи достигнувања за доброто на Косово во предизвиците што го очекуваат.

Движењето „Самоопределување и Демократски сојуз денеска соопштија дека потпишале договор за формирање заедничка влада во Приштина, која според договорот ќе има 15 министерства, од кои две ќе и припаднат на Српска листа.

Седницата на која ќе се гласа за владата е закажана за утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот