Мета: Еден Албанец денес се чувствува многу побезнадежно од еден Сириец, Ирачанец или Авганистанец

Албанскиот претседател Илир Мета ги објави, како што наведува, повеќе од загрижувачките податоци на Евростат, за бројот на албански граѓани баратели на економски азил на 10 илјади жители, во периодот 2014-2019 година.

Во тој период економски азил во некоја од земјите на ЕУ побарале 189.975 албански граѓани.

-Албанија во 2019 година е на прво место во Европа според бројот на економски баратели на азил на 10 илјади жители. Врз основа на податоците на Евростат, Албанија ја забележува најголемата нето миграција, во споредба со сите други балкански земји. Албанија зад себе ги остави и земјите кои штотуку излегоа од војна и граѓански конфликти, наведува Мета.

Во објава на социјалните мрежи, претседателот Мета наведува дека „еден Албанец денес се чувствува многу побезнадежно од еден Сириец, Ирачанец или Авганистанец”.

Тој повикува дека сега е време да се размислува и да се дејствува за Албанците.

-Ефикасна борба против сиромаштијата, искоренување на монополите, укинување на коруптивните концесии, зголемување на платите и пензиите, создавање нови работни места, намалување на даноците, создавање нови можности за младите и запирање на депопулацијата. Време е да се мисли и делува за Албанците, порачува Мета.

Во графиконот што го објавува Мета, на второ место се граѓаните на Сирија, по што следуваат оние од Косово, па од Северна Македонија и Авганистан. Според бројот на барања за економски азил граѓаните на Србија се на осмото место, по што следуваат оние на Црна Гора, па на Босна и Херцеговина и на десетто место се граѓаните на Турција.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот