Мета: Да го искористиме позитивниот момент што го создаде Преспанскиот договор

Фејсбук

Преку фесјбук-статус, албанскиот претседател Илир Мета денеска информираше за средба со неговиот македонски колега, Стево Пендаровски. Мета напишал дека двете земји треба да ги обединат напорите за отворање на преговори за членство во октомври.

– Посебно задоволство е да го сретнам претседателот на Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски. Двете наши земји треба да ги обединат напорите за отворање на преговори за членство во октомври. Мораме да го искористиме овој многу позитивен момент што го создаде Преспанскиот договор, не само за Северна Македонија – напишал Мета.

Албанскиот претседател истакнува дека за него е задоволство да ја констатира решителноста на претседателот Пендаровски да соработува и да ја вклучи опозицијата во дијалогот за основните прашања на државата и демократијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот