Месут Озил става крај на фудбалската кариера!?

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Германецот со турско потекло Месут Озил наводно одлучил да ја заврши фудбалската кариера, пренесуваат турските медиуми.

Турскиот новинар Јакуп Цинцар прв објави дека Озил нема намера да продолжи да игра фудбал иако се уште е под договор со Башакшехир. Озил во последниот натпревар против Кајсериспор во поразот од 1:0 беше првотимец и тоа за него беше прв натпревар од почетокот на сезоната да започне од првата минута.

На теренот беше само во првото полувреме, на паузата беше заменет. Сега пристигнуваат изненадувачки информации дека ја завршил кариерата.

Озил по тој натпревар не се појавил на тренинзите, а соиграчите и раководството на клубот го известил дека повеќе нема да игра фудбал и побарал раскинување на договорот. Во кариерата Озил играше за Вердер, Шалке, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче и Башакшехир. За германската репрезентација настапи на 92 натпревари и постигна 23 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот