Меси и Кристијано Роналдо за прв пат по девет години ќе останат без награди од ЛШ

фото: твитер

Баерн Минхен имаше неверојатна сезона во Лигата на шампионите победувајќи на сите 11. натпревари и неговите играчи доминираат во номинациите за наградите во елитното натпреварување.

УЕФА традиционално ги избира најдобриот голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач како и најдобриот играч за изминатата сезона во Лигата на шампионите.

Во секоја категорија се номинираат по тројца фудбалери, а вкупната бројна на номинирани изнесува 12 играчи и од нив дури седум доаѓаат од редовите на новиот европски шампион, Баерн Минхен.

Баерн Минхен/ EPA-EFE/Miguel A. Lopes

Изненадувачки за прв пат откако се доделуваат овие награди, од 2011 година меѓу номинираните ги нема двајцата најдобри фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меѓу номинираните за најдобар голман, покрај чуварот на мрежата на Баерн; Мануел Ноер, се уште и Кејлор Навас од ПСЖ и Јан Облак од Атлетико Мадрид.

Наградата за најдобар дефанзивец сигурно ќе ја добие фудбалер на Баерн бидејќи номинирани се само негови играчи, и тоа Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих и Давид Алаба.

Тијаго Алкантара и Томас Милер како конкурент во изборот за најдобар играч во средниот ред ќе го имаат Кевин Де Брујне од Манчестер сити кој има мали шанси да ја добие наградата бидејќи неговиот тим испадна уште во четвртфиналето.

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е главен фаворит за наградата за најдобар напаѓач иако како конкуренти го има двоецот од ПСЖ, Килијан Мбапе и Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот