Меси и Бензема фаворити: ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер на годината

фото: EPA-EFE/Chema Moya

Лионел Меси, асот на ПСЖ и светски шампион со Аргентина, и Карим Бензема, напаѓачот на Реал и добитник на „Златната топка“ на Франс Фудбал, ја предводат листата од 14 фудбалери кои се во најтесниот круг за играчот на годината во изборот на ФИФА.

Заедно со двата најголеми фаворити, на списокот кандидати се и Хулијан Алварез, Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Џуд Белингем (Борусија Дортмунд), Роберт Левандовски (Барселона), Садио Мане (Баерн), Килијан Мбапе, Ашфар Хамики, Нејмар (ПСЖ), Лука Модриќ, Винисиус Јуниор (Реал) и Мохамед Салах (Ливерпул).

ФИФА соопшти дека гласањето почнува денеска, а тие се поделени на четири дела: 25 отсто од гласовите доаѓаат од новинарите, 25 отсто од капитените на сите светски селекции, 25 отсто од светските селектори и 25 отсто од гласовите на навивачите на социјалните мрежи.

Гала церемонијата на ФИФА, на која ќе бидат доделени наградите на најдобрите, ќе биде организирана на 27 февруари 2023 година.

Награда за најдобар фудбалски тренер (номинации): Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Дидие Дешамп (Франција), Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Валид Реграги (Мароко) и Лионел Скалони (Аргентина).

Награда за најдобар голман (номинации): Алисон Бекер (Ливерпул), Јасин Боно (Севиља), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едерсон (Манчестер сити) и Емилијано Мартинез (Астон Вила).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот