Меси го изигра ПСЖ, иако е повреден ќе настапи за репрезентацијата на Аргентина

Лионел Меси ги налути челниците на ПСЖ/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Откако во летниот преоден рок по 20 години си замина од Барселона и се пресели во ПСЖ, Лионел Меси никако да почне да прикажува игрите кои се очекуваат од него.

Меси во Лигата на шампионите постигна три гола во четири натпревари, но во француската Лига 1 сè уште се нема запишано во листата на стрелци. За работите да бидат полоши, Аргентинецот заработи повреда на коленото поради што го пропушти натпреварот против Бордо, но и покрај тоа ќе се појави на подготовките на репрезентацијата.

Ваквиот потег на Меси, да се појави на подготовките на репрезентацијата, го налути спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кој за „Ле Паризиен“ јасно кажа што мисли за оој потег.
– Ние сме против тоа фудбалерот да и се приклучи на репрезентацијата бидејќи се наоѓа во процес на опоравување од повредата. Нема смислам, вакви работи мора да ги решаваме со ФИФА – изјави Леонардо.

Но, ПСЖ тука е немоќен бидејќи самиот се согласи на условите на Меси.
Имено, при потпишувањето на договорот со Лионел Меси, ПСЖ се согласи со условот на фудбалерот, репрезентацијата на Аргентина да има приоритет во однос на клубот.

Селекцијата на Аргентина во ноемвриските квалификации за пласман на СП 2022 година, ја очекуваат натпревари со Уругвај и Бразил. „Гаучосите“ моментно се наоѓаат на второто место на табелата со 25 бода, шест помалку од лидерот Бразил, а осум повеќе од третопласираниот Еквадор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот