Мерсиха Смаиловиќ кандидат за претседател на Бошњачки демократски сојуз

Мерсиха Смаиловиќ, активистка за човекови права
Мерсиха Смаиловиќ, активистка за човекови права / Утрински брифинг

И Бошњачки демократски сојуз со свој кандидат за претседател за прв пат во историјата. Нивен кандидат ќе биде Мерсиха Смаиловиќ, правничка и граѓанска активистка.

Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално магистрира Меѓународно право на истиот универзитет.

Била вклучена во неколку иницијативи за измени на закони и правилници во државава.

Таа е алумнистка на американската организација „Vital Voices“ која е основана од Хилари Клинтон која има за цел едукација и поддршка на жените во политиката.

Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки.

Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги „НАХЛА КОНСАЛТИНГ“ каде моментално е со редовен работен ангажман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот