Меркур влегува во знакот Риби: Поволен период за Скорпиите, но што ги очекува другите хороскопски знаци?

ренесанса
Фото: Unsplash

Планетата на мисловните процеси, комуникацијата и трговијата Меркур ќе влезе во знакот Риби на 10 март и ќе се задржи до 26 март. Иако нема долго да остане во овој воден знак, неговото дејство ќе остави длабока трага за сите хороскопски знаци.

Бидејќи одлуките донесени во овие денови ќе имаат далекусежни последици, важно е за истите да размислите добро и да се обидете да се дистанцирате од илузии и заблуди.

Меркур во Риби ја зголемува склоноста кон нереалното гледање на реалноста и донесување ирационални одлуки. Ќе ви биде тешко да донесете објективни проценки поради вашиот занес со бројни желби, соништа и фантазии. Повеќе ќе ве водат чувствата додека здравиот разум ќе падне во втор план. Иако вашата интуиција ќе се изостри, не се потпирајте слепо на неа и не ги игнорирајте очигледните вистини. Внимавајте на кого верувате.

Јупитер во Риби: За овие три хороскопски знаци носи незамислива среќа во љубовта

Предностите на Меркур во Риби

Бујната имагинација, инспирација и креативност ќе овозможат успех на уметниците од сите гранки. Зголемената емпатија и силната интуиција ќе ги поттикнат социјалните работници, старателите, психолозите и психијатрите да се истакнат во својата работа. Луѓето повеќе ќе се грижат еден за друг, а некои ќе се посветат на волонтирање и хуманитарна работа. Се разбира, ќе има исклучоци, но како општество генерално ќе бидеме посочувствителни и внимателни.

Меркур во Риби ќе биде поволен за некои знаци. Припадниците на хороскопските знаци Бик и Јарец ги очекуваат бројни социјални ангажмани, Скорпиите и Рибите ќе напредуваат на полето на вмрежување, креативност и образование.

Љубовен хороскоп за месец март: Девиците ќе доживеат будење, Рибите ќе ги залечат старите рани…

На Рибите овој планетарен поредок ќе им помогне подобро да се справат со стресот и да избегнат поголеми тешкотии. Повеќе од вообичаено ќе можат да се потпрат на среќни околности и ќе бидат поштедени од тешките последици од можните нереални одлуки и постапки.

Непријатната страна на Меркур во знакот Риби најсилно ќе ја почувствуваат Близнаците, Девицата и Стрелецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот