Меркел: Русија го прекрши меѓународното право

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин/ Фото: Архива на Слободен печат

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, ја осуди руската инвазија врз Украина и изрази солидарност со земјата, јави ДПА.

– Оваа агресивна војна на Русија означува длабока пресвртница во историјата на Европа, по завршувањето на Студената војна, рече Меркел во изјава за агенцијата.

Таа смета дека нема никакво оправдување за „ова очигледно кршење на меѓународното право” и најостро ја осудува ваквата постапка.

– Мислите и солидарноста ми се заедно со украинскиот народ и со Владата предводена од претседателот Зеленски, во овие страшни часови и денови, додаде Меркел.

Таа „целосно им даде поддршка” на напорите на ЕУ, НАТО, ОН и на Г7, насочени кон брзо запирање на војната.

Германската канцеларка во 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим, ја истакна важноста од одржување отворена комуникација со Москва.

Но, таа нагласи дека сега е поинаку, бидејќи последниот напад бил насочен кон цела Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот