Меркел најавува „мега блокада”: Освен полициски час таа сака да го запре локалниот и меѓуградскиот јавен превоз

epa08934856 German Chancellor Angela Merkel during a session of the German parliament 'Bundestag' in Berlin, Germany, 13 January 2021. Members of Bundestag debated on the Coronavirus development among others. EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за многу поостри мерки за „мега блокада” низ целата држава, јави денeска весникот Билд.

Според весникот, германските власти дискутираат за запирање на локалниот и меѓуградски јавен превоз, како и воведување полициски час. Исто така се зборува за тоа како во овој случај може да се гарантира снабдувањето на населението.

Германија го потврди својот најголем скок во смртни случаи од коронавирус денеска, со најмалку 1.244 лица кои починале од Ковид-19 во последните 24 часа и вкупен број на инфекции – 1.978,590.

Додека вкупниот број на смртни случаи по глава на жител во Германија од почетокот на пандемијата е далеку понизок отколку во САД, нејзината дневна стапка на смртност од средината на декември често ја надминува онаа на САД.

Германија првично се справи со пандемијата подобро од нејзините соседи со силна блокада минатата пролет, но во последните месеци има зголемување на заразени и смртни случаи, а институтот Роберт Кох соопшти дека луѓето не го сфаќаат вирусот доволно сериозно.

Претседателот на институтот Лотар Вилер денеска  рече дека ограничувањата не се применуваат доследно како во првиот бран и  дека повеќе луѓе треба да работат од дома, додавајќи дека сегашната блокада треба да се заостри.

Во ноември, Германија воведе делумно затворање, но ги заостри правилата во средината на декември, затворајќи продавници и децата не се вратија во училниците од Божиќните празници.

Болниците во 10 од 16 германски покраини се соочуваат со тешкотии бидејќи 85 отсто од креветите за интензивна нега се со пациенти со Ковид-19, рече Вилер.

Меркел требаше да разговара со министрите за да се зголеми производството на вакцини. Досега се вакцинирани само околу еден отсто од германското население или 842.455 лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот