Меркел денеска полни 65 години, денот го поминува работно

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска полни 65 години, а роденденот ќе го помине работно, водејќи ја редовната седница на кабинетот.

– Роденденот значи дека човек веќе не се подмладува, туку можеби станува само малку поискусен – изјавила Меркел.

Инаку, канцеларката во три ситуации за само еден месец на неколку јавни манифестации беше забележана како се тресе,  поради што во јавноста се пројави загриженсот за нејзината здравствена состојба.

Ангела Меркел сега и официјално наполни доволно години за пензионирање. Со оглед на неодамнешните настани, многумина се прашуваат дали таа е во состојба да продолжи со работата, а медицинските експерти во јавноста зборуваат за можните причини за нејзиното тресење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот